26 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВо последниве 10 години вредноста на Kia е зголемена за 8 пати

Во последниве 10 години вредноста на Kia е зголемена за 8 пати

kija 3094

На најновата ранг листа на „Интербренд“ на сите светски брендови, „Kia Motors“ се пласираше на 74-тото место, додека во конкуренција на автомобилските марки го зазема 11-тото место, веднаш зад „Porsche“, соопшти корејската компанија.

Во однос на 2014-та година, вредноста на „Kiа“ е зголемена за 5% или на 5,66 милијарди долари.

Само за споредба, корејскиот автомобилски бренд во 2005-та година вредел само 700 милиони долари, а во 2010-та неговата вредност е проценета на 1,79 милијарди долари.

Највреден автомобилски производител и натаму е „Toyota“, чија пазарна вредност е оценета на 49 милијарди долари, а меѓу сите брендови веќе неколку години лидер е американски „Apple“, кој моментално вреди 170 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП