4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИiPhone 6S според квалитетот на камерата заостанува зад конкуренцијата

iPhone 6S според квалитетот на камерата заостанува зад конкуренцијата

kamera rang1

Интернет сајтот „DxOMark“ го смести предводникот на „Apple“ дури зад стариот „iPhone 6“.

DxOMark“, сајтот кој го стави „Sony Xperia Z5“ на прво место кога станува збор за камерите и се смета за веродостоен извор, вчера ги објави резултатите на новиот „iPhone 6s“. Тие се толку ниски така што телефонот се најде на скандалозната 10-та позиција, заостанувајќи дури зад „iPhone 6“, „Nexus 6P“, „Motorola X Style“ и уште многу други.

Според податоците кои се собрани по сите тестови, „DxOMark“ излегува со мислењето дека „iPhone 6s“ не може да се справи со бучавата во сликите и нивото му е преголемо. Детален во кадрите бил подобар од претходниот модел, но во позадина на ривалите значително заостанува.

При снимањето на видео, пак работите очигледно се подобри, бидејќи таму тестовите дале резултати со добра експозиција и баланс на белата боја. Тестовите иста така покажале пожолтување на фотографиите, кои се правени на отворено.

kamera rang

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП