Американската компанија „Rezvani Motors“ работи на нова верзија на моделот „Beast“, кој се нуди во верзии купе и кабриолет. Новиот автомобил ќе го носи името „Beast X“, а ќе се одликува со зголемена моќност и различен дизајн.
Новиот модел ќе се движи од 2,4-литарски мотор на „Honda“ кој веќе се наоѓа на прикажаните „Beast“ и „Beast Speedster“. Кај стандардната верзија тој развива 300 или 500 КС, но кај суперспортниот „Beast X“ моќта ќе биде зголемена до 700 КС. Тоа ќе се постигне со два турбополначи „Garett“.
Промените во дизајнот на новата верзија ќе бидат насочени кон подобрување на аеродинамиката. „Rezvani Beast X“ ќе се одликува со големо крило во задниот дел, дополнителни отвори за ладење во предниот браник и капак, нов преден спојлер и друго. Внатрешноста исто така ќе биде променета, но во моментов недостасуваат информации.
Минатата година беа прикажани „Beast“ и „Beast Speedster“ кои ја користат шасијата на „Ariel Atom 3“ и имаат изработено од карбон купе. Отворената верзија располага со 300 КС и забрзува од 0 до 60 милји на час за 3,5 секунди. Помоќното купе со 500 КС спринтира до 60 милји на час за 2,7 секунди. И двата автомобили имаат тежина од само 750 килограми.