3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПодобри резултати за Wells Fargo во третиот квартал од очекуваните

Подобри резултати за Wells Fargo во третиот квартал од очекуваните

wells fargo 398

„Wells Fargo“, една од најпрофитабилните големи банки во САД, ги објави финансиските резултати за третиот квартал, кои се покажаа малку над очекувањата на „Wall Street“, пренесе „The New York Times“.

Банката, која е четврта најголема по средства во САД, забележа профит од 5,8 милијарди долари, или 1,05 долари за акција, за третиот квартал, што е за 1% повеќе од добивката во истиот период од минатата година.

Иако мал, растот на профитот е поздравен од менаџерите и акционерите. За вториот квартал на годината „Wells“ објави годишен пад на нето добивката, првиот од неколку квартали.

Приходите на „Wells Fargo“ за третиот квартал изнесуваат 21,9 милијарди долари, што е малку над проценката на аналитичарите анкетирани од „Thomson Reuters“, и за 3% повеќе од приходите од 21,2 милијарди долари, остварени во истиот период од минатата година.

„Wells Fargo“ нема големо присуство на „Wall Street“, изолирани се во голема мера од последните турбуленции на светските пазари. Наместо тоа банката заработува најголем дел од своите пари преку кредити на физички и правни лица. Инвеститорите даваат повисока оценка на банката наспроти нејзините конкуренти поради релативно стабилните основни приходи, пониските нејзините трошоци и нејзината способноста да продава повеќе од еден производ на своите клиенти.

Во третиот квартал „Wells Fargo“ останува профитабилна во споредба со останатите две големи банки кои веќе ги претставија своите извештаи за периодот. Враќање на капиталот на банката е внимателно следен индикатор кој го мери профитот како процент од акционерскиот капитал и изнесува 12,6% во третиот квартал во однос на 12% за „JPMorgan Chase“ и 7% за „Bank of America“.

И сепак враќање на капиталот на „Wells Fargo“ е понизок во однос на претходните периоди, што укажува дека банката можеби достигнала до некакви граници. Бавниот раст на приходите објаснува дел од падот на приносот, но профитот кој „Wells Fargo“ го заработува заемите е намален, иако самите кредити и обврзници се зголемија.

„Wells Fargo“ предвиде заеми за 903 милијарди долари за третиот квартал, што е за 8% над кредитите од 839 милијарди долари за истиот период од минатата година. Освен тоа кредитите за компаниите растат побрзо во споредба со оние на приватните лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП