18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОстар пад на цената на акциите на Wal-Mart

Остар пад на цената на акциите на Wal-Mart

walmart

Цената на акциите на Wal-Mart падна во среда 10 отсто, со што беа избришани повеќе од 20 милијарди американски долари од неговата пазарна вредност, бидејќи најголемиот светски трговски синџир ги намали проценките за заработка за следната година.

Wal-Mart е соочен со сè поголема конкуренција на редица фронтови, од постојано ширење на работењето на водечкиот електронски трговец Амазон, до отворањето на дисконтни трговски синџири кои со пониски цени се борат за муштерии.

Покрај тоа, работењето во странство на оваа компанија е погодено од високиот курс на доларот, заради што производите на овој трговски синџир во светот стануват помалку конкурентни.

Затоа, во среда најголемиот светски трговски синџир според приходите, најави нови мерки за да ја задржи водечката позиција.

Извршниот директор на Wal-Mart Даг МекМилон најави инвестиции од 1,5 милијарди долари во зголемување на минималната сатница од 9 на 10 долари и обука на вработените, за да ги подобри услугите.

Покрај тоа, во следните три години ќе вложи неколку милијарди долари за да ги намали цените на производите на своите полици. Тоа на пазарите е сватено како најава на ценовна војна, па во средата цените на акциите на неговите најголеми конкуренти Target и Home Depot остро паднале.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП