12 мај, 2025
ПочетнаАВТОБИЗМоделот C5 нема да добие наследник

Моделот C5 нема да добие наследник

c petica 393

Citroen ги потврди гласините дека нема намера да лансира нов модел, кој ќе биде „директен наследник“ на сегашното семејство „C5“. Ова го објави шефот на францускиот производител Линда Џонсон, цитирана од „Autocar“.

Во нејзините зборови во компанијата разгледуваат неколку опции за нов автомобил, кој ќе го замени „С5“.

„Должни сме да погледнеме кон моделот од друг агол. Имено, каков автомобил ќе сака сегашниот сопственик на „С5“ по 5 години? Тогаш на пазарот, кросовер моделите ќе бидат уште повеќе“, коментира Џонсон.

Директорката на „Citroen“ додаде дека во компанијата сакаат да пуштат на пазарот „едноставен, но истовремено стилски модел“. За таа цел Французите ќе се откажат од голем број на технички решенија и опции, од кои според нив клиентот едноставно нема никаква потреба.

„Сакам да истакнам дека во „Citroen“ немаме никакви намери да правиме буџетски автомобили, бидејќи производството на евтини модели на никаков начин не се вклопува во стратегијата на компанијата“, истакна Џонсон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП