4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНа 29-ти октомври во Лондон премиера ќе има новиот смартфон на OnePlus

На 29-ти октомври во Лондон премиера ќе има новиот смартфон на OnePlus

x oneplus 34444

Кинескиот производител на мобилни телефони „OnePlus“ на 29-ти октомври во Лондон официјално ќе го претстави новиот смартфон „OnePlus X“, кој би требало да биде уште поевтин од својот претходник.

Компанијата со најавата на овој настан излезе само неколку дена откако во документите на Американската сојузна комисија за комуникација се појавија информациите за уред со екран од 5,5 инчи.

Тој смартфон, кој се нарекува „E1005“, личи на црн „Apple iPhone 4“ со метални рабови, позадинска камера и „mikro-USB“ порта.

Во документите е наведено дека тој смартфон би требало да има процесор од 1,9 гигахерци.

„OnePlus X“ ќе биде вториот смартфон кој оваа година го лансираше оваа кинеска компанија, по телефонот „OnePlus 2“ кој на пазарот се појави во месец јули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП