27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајгладните држави во светот: Македонија има „ниско“ ниво на глад

Најгладните држави во светот: Македонија има „ниско“ ниво на глад

glad naselenie3

Населението на цели 52 држави страда од „сериозно“ или „алармантно“ ниво на глад, според неодамна објавениот Светски индекс на гладот.

Населението на Централноафриканската република гладува најмногу, според голем број индикатори во пресметката на индексот, меѓу кои и нивото на смртност. Следните држави во кои населението гладува се Чад и Замбија.

„Воените конфликти и гладот ​​се силно поврзани. Земјите со највисоки вредности на индексот на глад ​​или се вклучени во некој воен конфликт, или пак неодамна излегле од таков“, се вели во извештајот за индексот.

glad naselenie5

Источен Тимор, Сиера Леоне, Хаити, Мадагаскар, Авганистан, Нигер и Јемен ги формираат првите десет држави во светот во кои населението е гладно во 2015-та година и сите тие спаѓаат во категориите земји со „сериозно“ или „алармантно“ ниво на глад.

Индексот на глад, составен од „International Food Policy Research Institute“, вклучува четири главни показатели. Тоа се процентот на недоволно исхранети луѓе од населението, процентот на децата под 5-годишна возраст кои страдаат од неухранетост, процентот на децата под 5-годишна возраст, кои страдаат од запирање на растот и новото на смртност кај децата на возраст под 5 години.

glad naselenie6

Секоја земја добива резултат од 0 до 100, каде што 0 е најдобар резултат, а 100 најлош. Резултат под 9.9 забележува „ниско“ ниво на глад, 10.0-19.9 „умерено“, 20.0-34.9 „сериозно“, 35.0-49.9 „алармантно“, а 50 и над 50 е „исклучително алармантно“.

Оваа година ниту една земја не спаѓа во последната категорија. Важно е да се напомене дека оваа година во индексот не се вклучени резултатите на земји кои имале многу високо ниво на глад во 2014-та година, меѓу кои се Бурунди, Коморос, Еритреја, Јужен Судан и Судан. Индексот покрива вкупно 104 земји во развој. Нивоата на глад меѓу земјите од оваа група се паднати за над една четвртина од 2000-та година.

Најголем напредок во последните 15 години забележуваат Украина, Бразил, Азербејџан, Хрватска, Латвија, Перу, Монголија, Босна и Херцеговина, Венецуела и Киргистан.

glad naselenie4

Според индексот на глад, Македонија има резултат од 5,9 поени, а тоа значи дека кај нас има „ниско“ ниво на глад.

Вкупно 795 милиони луѓе сепак страдаат од хронична неухранетост. Во географска смисла Јужна Азија и подсахарска Африка продолжуваат ги имаат највисоките нивоа на глад. За споредба, резултатите на индексот за Источна и Југоисточна Азија, Северна Африка, Латинска Америка и Источна Европа се движат меѓу 8.0 и 13.2 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП