Германскиот производител и официјално го претстави моделот кој ќе го наследи легендарниот „1М“. Како што претходно беше најавено, новиот најбрз „BMW Serieѕ 2“ располага со 370 ks, a oд 0 дo 100 km/h стигнува за 4,3 секунди.
Поголемиот поглед на „BMW M2“ го открива карактерот на овој автомобил.
Предниот браник со единствениот масивен отвор за воздух го издвојува од сличниот „BMW M235i“.
Впечатокот дека станува збор за значително спортски автомобил е засилен со проширените лакови над тркалата под кој се сокриени 19 инчни алуминиумски бандажи и „Michelin Pilot Super Sport“ гуми со димензии 245/35 ZR 19 напред и 265/35 ZR 19 позади.
Задниот браник со дифузор и два пара симетрично поставени издувни цевки се пример за демонстрација на моќ.
Внатрешноста е типична за еден „BMW“ од „M“ серијата.
Доминираат црната боја и кожните материјали со фино вклопени украсни детали од јаглеродни влакна.
„BMW M2“ добива погон од шестцилиндарскиот 3.0 литарски „M Twin Power Turbo“ мотор кој е во состојба да испорача 370 ks (268 kW) при 6.500 вртежи и 464 Nm во распон од 1.400 – 5-560 o/min.
Со помош на „overboost“ функцијата максималниот вртежен момент е зголемен на 499 Nm.
Автомобилот стандардно е опремен со шестбрзински мануелен менувач со чија помош од место до 100 km/h забрзува за 4,5 секунди.
Доколку се одбере изборниот автоматски „M DCT“ менувач со двојно квачило, времето потребно да достигне до „стотка“ се намалува на 4,3 секунди.
Без оглед на видот на преносниот систем, максималната брзина електронски е ограничена на 250 km/h.
Голем број од компонентите се изработени од алуминиум што допринесува масата на автомобилот да не мине 1.600 kg.
Продажбата на „BMW M2“ ќе стартува во 2016-та година, а цената засега не е позната.