8 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMeizu ќе претстави целосно нов метален смартфон

Meizu ќе претстави целосно нов метален смартфон

metal meizu 3

Кинескиот производител на смартфони „Meizu“ се очекува да го претстави на 21-ви октомври новиот фаблет со целосно метално тело, кој е со пониска цена.

Моделот од серијата „Blue Charm“ се очекува да обезбеди стилски дизајн во нискиот ценовен сегмент со целосно алуминиумско тело. Пред извесно време компанијата го претстави моделот „Meizu Pro 5“ – паметен телефон од највисока класа, кој исто така се истакнуваше со целосно метално тело.

Новиот паметен телефон се очекува да е со 5.5-инчен дисплеј со резолуција од 1.080 пиксели, како и осумјадрен процесор со фреквенција од 2 GHz. Оперативната меморија се очекува да е 2 GB, а внатрешната од 16 GB, која ќе може да се прошири со картичка.

Задната камерата на уредот најверојатно ќе има 13 мегапиксели, а предната ќе биде 5 мегапикселна. Дебелината на уредот ќе биде 8,2 мм.

Најголемото прашање сепак е колку ќе чини, што ќе е критичен фактор за неговиот иден успех.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП