19 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook тестира функција за мобилно купување

Facebook тестира функција за мобилно купување

kupuvanje fb 33

Социјалната мрежа Facebook најави тестирање на функцијата за купување на својата мобилна апликација којашто има намера да ја поврзе со огласите и со тоа дополнителни да ги зголеми приходите во овој сегмент на делувањето.

Приходите од мобилното огласување сочинуваат дури три четвртини од вкупните приходи на Facebook, а компанијата сега сака дополнително да ги зголеми со поврзување на маркетиншките пораки со можноста за купување.

„Видовме во Facebook дека луѓето доаѓаат на нашата платформа за да стапат во контакт со пријателите и семејството, но и со производи и со брендови. Сакаме да ги развиваме решенијата прилагодени на поединечни платформи, кои на луѓето ќе им го олеснат откривањето на производите преку мобилните уреди, а на компаниите ќе им го зголеми прометот“, објавија од Facebook на интернет

Компанијата воведе нов формат на огласи кои на корисниците им овозможува полесно купување во рамките на самиот Facebook наместо да одат на надворешните интернет страници, што би можело да ја запре или одолговлечи постапката.

Следните денови Facebook ќе започне со тестирањето и на сегментот Трговија, во кој луѓето ќе можат да „откриваат, споделуваат и купуваат“ производи коишто сега можеби ги бараат на други локации на социјалната мрежа, како што се News Feed или Pages. Во тестирањето ќе учествуваат неколку американски партнери на компанијата, кои сакат да ја прошират понудата, доколку резултатите ветуваат.

Facebook веќе лансираше неколку нови производи, како Carousel, кој на огласувачите им овозможува приказ на повеќе производи и поврзувања во еден оглас, а поради поедноставното купување го воведен и копчето „купи“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП