17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗБрендот со четири прстени го осветли најголемиот конгресот во светот

Брендот со четири прстени го осветли најголемиот конгресот во светот

Audi Matrix laser technology

Добитникот на Нобеловата награда и гостите на Audi на подиумот на ISAL 2015 (Меѓународен симпозиум за автомобилско осветлување).

Концепт автомобилот од саемот во Франкфурт е целосно насочен кон иднината со својата технологија на OLED осветлување.

На единаесеттиот Меѓународен симпозиум за автомобилско осветлување (ISAL 2015), Audi ја претстави новата технологија за осветлување наменета за иднината на автомобилската индустрија. Конгресот се одржа во Дармштат.

По воведниот говор на Шуји Накамура, добитникот на Нобеловата награда за физика во 2014 година, говорниците на Audi ги презентираат најновите трендови на оваа најголема и највлијателна конференција за технологијата за автомобилско осветлување. Следниот чекор во технологијата на автомобилското осветлување беше прикажан со најновиот концепт автомобил со новата OLED технологијата.

Audi extends its lead with high-resolution Matrix Laser technolo

„Овој симпозиум е многу значајно место за Audi, да ја стави идната технологија за осветлување во центарот на вниманието. Нашите клиенти имаат директна корист од резултатите и дискусиите на професионалците “, објасни д-р Волфганг Хун, одговорен за развој и осветлување во Audi.

Премиум брендот е лидер во технологијата за осветлување; покрај останатите достигнувања, Audi го движи напред пазарот на LED светла. „Техничкиот напредок и поголемите произведени количини на клиентите им нудат одлична технологија за осветлување со низа придобивки и многу намалени трошоци“, изјави господинот Хун.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП