19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСе враќа моделот Tipo во лимузинска верзија

Се враќа моделот Tipo во лимузинска верзија

tipo 33

По најавите дека „FIAT“ би можел да ја врати во употреба ознаката „Tipo“ за еден од своите нови модели, италијанскиот производител откри дека станува збор за компактна лимузина која ќе се произведува во Турција.

Станува збор за сериска верзија на прототип седанот „Aegea“, кој во мај имаше премиера на саемот за автомобили во Истанбул.

Новата компактна лимузина со ознаката „Tipo“ ќе се продава во земјите од „EMEA“ регионот, кои ги опфаќа Европа, Блискиот исток и Африка, додека во Турција ќе го задржи името „Aegea“.

Ознаката „Tipo“ беше дел од историјата на компанијата „FIAT“, уште од нејзините почетоци, а на генерациите на љубителите на автомобили им е позната по компактниот хечбек кој се произведуваше во 80-тите и 90-тите години од 20-тиот век.

Новиот „FIAT“ со старото име е седан со 4 врати. Во компанијата велат дека идеата е да се постигне „особеност и стил без загрозување на функционалноста“, како и на купувачите да им се понуди пристапен автомобили со добар однос на вложените пари и вредностите кои ги добиваат за него.

„FIAT Tipo“ за 2016-та ќе биде достапен со два турбо дизел мотори „Multijet II“ и два бензиници во опсег од 95 дo 120 ks со мануелен или автоматски систем на пренос.

Продажбата на овој модел ќе започне во декември во Италија, а потоа и во останатите земји од „EMEA“ регионот, кога ќе бидат познати цената и повеќето технички детали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП