19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКомпании од Европа, но и од светот ќе изложуваат на Технома 2015

Компании од Европа, но и од светот ќе изложуваат на Технома 2015

tehnoma 93

Овогодинешниот Меѓународен саем на металургија, електроника, енергетика, нематали, градежништво, обезбедување и заштита, Технома 2015, кој ќе се одржува од 13-ти до 17-ти октомври на Скопски саем, свечено ќе биде отворен денеска во 11 часот.

За време на Технома ќе бидат отворени и 16-от Меѓународен саем за занаетчиство и мало стопанство и 35-та Меѓународна изложба на иновации, Макинова.

Технома годинава ќе понуди 185 изложувачи од кои 135 домашни и 50 странски компании, а се очекуваат повеќе од 25.000 посетители. Трендот како и минатите години се малите и средните претпријатија, додека во фокусот ќе бидат иновациите, енергетската ефикасност и LED технологиите, а за истакнување е и одржувањето на Форумот за иновации и технолошки развој за време на 41-та по ред меѓународна саемска манифестација.

Потврда на меѓународниот карактер на Технома се учествата на компании од цела Европа и пошироко од светот. На Технома 2015 ќе учестуваат компании од Тајван во организација на Советот за развој на трговијата со странство на Тајван (Taiwan External Trade Development Council) и преку Тајванскиот центар за трговија во Софија (Taiwan Trade Center Sofia). Исто така ќе се претстават и повеќе фирми од Унгарија.

Технома 2015 ќе се простира во три хали во кои ќе се претставуваат фирмите, додека во 4-та хала ќе се одвиваат Макинова и Форумот за иновации. Во 4-та хала се и технички факултети со постер презентации на истражувања на професори и студенти, што всушност е и новитетот на саемот. Идејата е да се поврзат претпријатијата со научните и високо-образовните институции со цел формирање на партнерства и можност за аплицирање со заеднички проекти до Фондот за Иновации и Технолошки развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП