2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПогледнете како изгледа Aston Martin DB10 од филмот Spectre (фото+видео)

Погледнете како изгледа Aston Martin DB10 од филмот Spectre (фото+видео)

spektre

Додека љубителите на седмата уметност водат полемика за тоа кој глумец е најдобар Џемјс Бонд во историјата на овој серијал, фановите на спортските модели повеќе се заинтересирани за автомобилите кои британскиот таен агент ги вози на филмското платно.

За потребите на снимањето на најновиот филм за тајниот агент Џејмс Бонд, „Aston Martin“ изработи десет примероци од моделот „DB10“.

Изработен врз основа на серискиот модел „V8 Vantage“, „Aston Martin DB10“ е конструиран исклучиво за филмот „Spectre“, a зa погон е употребен 4.7-литарски „V8“ мотор.

spektre 33

Иако продукциска верзија не е во план, „DB10“ претставува увид во дизајнот на некој иден модел на „Aston Martin“.

Што се однесува до возилата кои ќе се користат за време на снимањето на филмот, некои од нив ќе бидат понудени на продажба на аукција за добротворни цели, како на пример возилото со бројот десет на шасијата.

Љубителот на супер-спортските автомобили, кој на „YouTube“ е познат под името „Shmee“, oбјави на својот канал снимка токму од ова возило.

spektre 34

Покрај надоврешноста, имаме можност детално да погледнеме како изгледа ентериерот на „Aston Martin DB10“.

За крај, „Shmee“ се повози во еден од модифицираните автомобили кои за време на снимањето го возеа каскадери. За управувачот се наоѓаше и рели возачот Марк Хигинс, кој учествуваше во акционите сцени со возење во филмот „Spectre“:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП