Уште 4 производители спаѓаат во листата на компаниите чии модели успешно ги поминале еколошките тестови во лабораториски услови, но на патот покажуваат многу повисоки резултати. Тоа се Mercedes-Benz, Honda, Mazda и Mitsubishi, тврди „The Guardian“.
Изданието објави дека се е добро во резултатите од тестовите спроведени од компанијата „Emissions Analytics“. Уште во почетокот на скандалот со манипулациите во моторите на „Volkswagen“, компанијата соопшти дека дизел автомобилите на „Renault“, „Nissan“, „Hyundai“, „Citroen“, „Fiat“, „Volvo“ и „Jeep“, исто така, покажуваат различни резултати од реалните.
Сега на овие брендови се додаваат „Mercedes-Benz“, „Honda“, „Mazda“ и „Mitsubishi“, кои се опфатени од официјалниот регулаторен тест во ЕУ, но при реални услови вредностите на нивните автомобили се сосема различни. Според информациите моделите на овие производители лачат во просек 4 пати повисоко ниво на азотен оксид. Кај автомобилите на „Honda“ резултатот е 6 пати поголем, а кај неименувани 4х4 модели тој достигнува 20 пати над дозволеното.
Сите автомобили ги поминале официјалните тестови во лабораторија каде се фиксни новите резултати. Од „The Guardian“ откриваат дека кај ниту еден од тестираните модели не биле пронајдени траги од дополнителен софтвер или друг уред кој ќе манипулира со податоците. Сите проверени возила биле опремени со мотори кои ги задоволуваат стандардите „Euro-5“.
Од „Mercedes“ признаа дека е сосема нормално изнесените податоци да се разликуваат од официјално објавените од нив, бидејќи тестовите на производителот се правени во лабораторија, а не на патот. Со истото објаснување излегоа и од „Mazda“, додека од „Mitsubishi“ изјавија дека тестовите на „Emissions Analytics“ не се официјални и не треба да се земаат во предвид.
За возврат од „Honda“ беа уште поуверливи, откако најавија дека сите нивни автомобили продадени во Европа, ги исполнуваат стандардите на ЕУ.