19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако кризата влијае на Саудиска Арабија?

Како кризата влијае на Саудиска Арабија?

salman 33

Владата на Саудиска Арабија забрани купување на нови луксузни автомобили, мебел и друга опрема поради очекувањата за рекорден дефицит на земјата кој се должи на ниските цени на нафтата.

Налогот на кралот Салман до министерот за финансии им препорачува на останатите министерства во земјата да ги почитуваат инструкциите, а исто така да ги прекинат сите назначувања до крајот на 2015-та година и изнајмувањето на скапи недвижности. Сите нови проекти во кралството така ќе бидат запрени до втората наредба.

Причината за намалувањето на трошоците е фактот дека земјата очекува 21,6% дефицит од БДП за 2015-та година во однос на едвај 3,4% дефицит за една година порано. Прогнозата за 2016-та година, исто така, не е добра – дефицит од 19,4%, а за 2017-та година – 17,6 отсто од БДП.

Последните плаќања за 2015-та година во земјата се очекува да бидат направени на 15-ти ноември, што значи дека вработените ќе останат без плата во последните шест недели на годината.

salman 34

Ограничувањата сепак нема да се во сила за кралското семејство.

Потсетуваме дека во јули кралот Салман отиде на одмор во Франција, водејќи со себе повеќе од 1.000 луѓе придружба. Кралската делегација сепак го налути локалното население, бидејќи од безбедносни причини цел километар од јавна плажа беше затворен.

Во септември Салман беше во официјална посета на САД и ги ангажираше сите 222 соби во луксузниот хотел Four Season во Вашингтон. Секоја од собите е со цена од 2.000 долари за вечер, а резервацијата на Салман беше за три ноќевања.

Барањата на кралот исто така беа доста високи, па мебелот и теписите во сите соби биле заменети. Сè е во злато – златни маси, огледала, светилки и закачалки, информира извор, кој побарал да остане анонимен. Кралот Салман ангажираше и 400 луксузни автомобили за делегацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП