2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple го претстави новиот 12,9 инчен iPad Pro

Apple го претстави новиот 12,9 инчен iPad Pro

ipad pro 12.9

На специјален настан на крајот на минатата недела „Apple“ го претстави својот нов 12.9 инчен таблет, кој се очекува да се натпреварува за корпоративни клиенти со популарниот модел на „Microsoft“ – „Surface“.

Со дебелина од 6,9 мм, новиот таблет ќе биде достапен во три бои – златна, сребрена и сива. Таблетот многу наликува на дизајн моделот „iPad Air 2“, но се одликува со технички карактеристики кои успешно можат да се натпреваруваат со десктоп компјутери.

ipad pro 12.9. 1

Уредот користи 64-битен чип „A9X“ што е скоро 2 пати побрз, во споредба со чипот во моделот „iPad Air 2“. Екранот е 12,9-инчен со резолуција од 2.732 x 2.048 пиксели и заситеноста од 226 точки по инч. И покрај резолуцијата на екранот, животот на батеријата е 10 часа.

Новиот таблет има аудио систем од четири звучници кои автоматски ги балансираат десните и левите звучници за најдобар звук. Задната камера е 8 мегапикселна, а предната е од 1.2 мегапиксели. Оперативната меморија на уредот е 4 GB.

ipad pro 12.9. 2

Таблетот има сензор за отпечаток, како и специјално пенкало, кое е чувствително на притисок и со неколку сензори за откривање на локација. Специјална паметна тастатура е дополнителна опција за таблетот, а таа ќе се поврзе со него безжично, преку специјални порти. Така таблетот ќе се претвори во лаптоп.

Овој уред ќе биде достапен за продажба во ноември, а цената на 32-гигабајтниот уред ќе биде 799 долари, а на 128-гигабајтниот – 949 долари.

ipad pro 12.9. 3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП