6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНовиот телевизор на Samsung чини 40.000 долари

Новиот телевизор на Samsung чини 40.000 долари

televizor

Јужнокорејскиот технолошки гигант „Samsung“ го претстави новиот „Ultra HD“ телевизор, кои ќе се продава за цена од 40.000 долари.

85-инчниот екран ја оправдува огромната цена, но компанијата соопшти уште дека телевизорите „UN85S9“ ќе бидат следени од уште два поголеми модели од 96-инчи и 110-инчи кои ќе бидат уште поскапи.

„Samsung“ посочи дека „UN85S9“ е полн со нови револуционерни карактеристики, главната од сите е неговата способност „HD“ содржините да ги усовршува без проблеми до „Ultra HD“ за да го исполнува широкиот екран. Тој може да емитува 120 вати звук, нудејќи искуство како во кино.

Цената од 40.000 долари за новиот телевизор на компанијата најверојатно ќе предизвика интерес кај нивните клиенти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП