16 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ10 од камерите на овој уред сликаат истовремено (видео)

10 од камерите на овој уред сликаат истовремено (видео)

foto dzver

Нов „стартап“ го ветува „светиот грал“ меѓу фотографиите. Сликите се соодветни на квалитет од 52 мегапиксели од дигитален фото апарат со тело со големина колку смартфон.

Тоа очигледно е недостижно достигнување за една камера и се очекува да биде направено преку 16 камери лоцирани скоро по целото тело на уредот. При снимањето на слика истовремено ќе сликаат барем 10 од камерите кои ќе се фокусираат на различни точки и така ќе и даде поголема длабочина на сликата.

foto dzver1

Во предвид е можноста за истовремено фокусирање на повеќе од една точка, корисниците ќе можат да избираат врз што сакаат да профитираат од камерата.

На грбот, освен многуте камери, е вметнат и двоен „LED“ блиц.

Уредот со името „Light 16“ е со цена помеѓу 1.299 и 1.699 долари при претходна нарачка (со депозит од 199 долари) и со очекувана испорака во крајот на летото на следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП