3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовата Fabiа караван доби ScoutLine верзија

Новата Fabiа караван доби ScoutLine верзија

scoutline fabia

Чешкиот производител ќе им понуди на купувачите робустна, „ScoutLine“ верзија на новата „Fabiа“ караван, наменета за оние кои повремено го заменуваат асфалтот со „offroad“ возење, но и за оние кои сакаат нивниот автомобил да изгледа попривлечно од стандардниот модел.

Слично како и „Rapid Spaceback“, кој во летото 2015-та ја доби „ScoutLine“ верзијата, и „Fabia Combi“ наскоро во понудата ќе има таканаречена „крос“ опција.

Во однос на стандардниот модел, „ScoutLine“ верзијата се разликува само по козметичките додатоци, додека зголемениот криленс и опциајта за погон 4×4 се исфрлени.

scoutline fabia 1

Тоа значи дека идните сопственици со оваа возило сепак нема да можат да се надеваат на сериозни теренски авантури.

Автомбилот е малку заштитен од ситни физички оштетувања на долните делови од каросеријата, а овие додатоци, заедно со панорамскиот затемнет покрив, новите куќишта на надворешните ретровизори и алуминиумските бандажи од 16 или 17 инчи, допринесуваат „Fabia“ да изгледа доста атрактивно.

Купувачите на располагање ќе имаат три бензинци со 75, 90 и 110 ks, како и три дизел агрегати со моќ од 75, 90 и 105 „коња“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП