Компанијата „Apple“ објави дека „iPhone 6s“ и „6s Plus“, модели кои беа претставени на 25-ти септември, сега ќе биде достапни во повеќе од 40 земји од денес, 10-ти октомври.
Денес, уредите ќе бидат достапни во 35 нови земји, имено: Андора, Австрија, Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Грција, Гренланд, Унгарија, Исланд, Ирска, Островот Ман, Италија, Латвија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малдиви, Мексико, Монако, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Русија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска, Швајцарија и Тајван.
Од утре уредите ќе бидат достапни во областа на Бахреин, Јордан, Кувајт, Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.
Третиот бран започнува на 16-ти октомври, кога уредите ќе бидат достапни во уште нови 24 земји, меѓу кои и Турција, Индија и Малезија, а можеби и Македонија.