21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА12 причини поради кои Луксембург е најдобрата земја во светот

12 причини поради кои Луксембург е најдобрата земја во светот

luksi nas

Луксембург дели заеднички граници со Франција, Германија и Белгија. Оваа земја е позната низ целиот свет по својата даночна политика во однос на големите компании и од јануари 2015-та година во неа живеат 562.958 жители.

Сакаме да ви презентираме неколку исклучителни карактеристики кои земјата ги поседува.

1. Местоположба

luksi 1

Се наоѓа во срцето на Западна Европа и нуди пристап до секој еден голем или мал град во околината. Има денови во кои летовите од Луксембург до Лондон се девет. Патувањето трае само еден час! А Париз е уште поблиску по воздушен пат. Брисел е на три-четири часа пат со воз, а до Берлин можете да стигнете за два часа.

2. Има замоци насекаде

luksi 2

Иако земјата се здобива со независност во 1839-та година, историјата на градот Луксембург може да се проследи далеку назад во текот на годините. Првите споменувања датираат од 963-та година. Некаде во тоа време започнува зајакнувањето на градските ѕидини. Средновековната историја на земјата може да се проследи, благодарение на изобилството од музеи, подземни тунели и безброј замоци. Повеќето замоци се наоѓаат во северниот дел на Луксембург.

3. Градот Луксембург е единствен од ваков вид

luksi 3

Иако главниот град да го носи името на земјата, тој е одличен пример за взаемното поврзување меѓу старото и новото. Построен во средниот век, центарот на градот е исполнет со мали, стари згради. Долината, во која е центарот на градот, крие реката, опкружена со зеленило. Другите делови од градот, како што финансискиот центар Керчберг, има домови во стаклени облакодери и огромни згради. Градот претставува исто така културната јадро на земјата – има многу музеи, галерии, барови и ресторани.

4. Различни култури на едно место

luksi 4

Речиси 46% од населението на земјата се странци. Ова го прави Луксембург да се фокусираа на различни култури. Овде можете да сретнете најмногу Португалци, а тие се 16% од популацијата, а по нив следат Французите и Италијанците.

5. Француски? Или пак англиски?

luksi 5

Повеќето жители на Луксембург се луѓе кои знаат повеќе јазици – Луксембуршки, германски, француски и англиски. Децата во училиштата ги учат сите четири јазици. Доста е да владеете еден од овие јазици, нема да имате проблем во комуникацијата во земјата. Луксембуршкиот, францускиот и германскиот се трите официјални јазици. Португалски можете да слушнете, но тоа е поради големото присуство на Португалците.

6. Храна е на светско ниво

luksi 6

Луксембург може да биде дефиниран како фокусна точка на кулинарски традиции. Тука ќе најдете исклучително популарни ресторани, на светско ниво. Само храната е повод да најдете причина да го посетите Луксембург! Ве очекуваат „Gromperekichelcher“ (крцкави компирчиња), „Rieslingspaschtéit“ (јадење со месо и вино), „Judd mat Gaardebounen“ (национално јадење кое се состои од свиско месо и грав), „Quetschentaart“ (тартар од сливи) и многу други.

7. Доколку сакате пиво и вино …

luksi 09

Не сметајќи ги малите производители на алкохолни пијалоци, Луксембург произведува пет пива: „Mousel“, „Battin“, „Diekirch“, „Bofferding“ и „Simon“, а тие се екстремно популарни во земјата. Виното е вториот пијалок кој се пие и кој што ужива почит. Со мали исклучоци, повеќето вина кои се произведуваат се бели или пак станува збор за шампањ. Во земјата се произведуваат уште и ликери кои можете да најдете скоро секаде низ Европа, како „Mirabelle“ и „Kirsch“.

8. Возењето, пушењето и пиењето е поевтино

Покрај забраната за пушење во барови, кафулиња и клубови, усвоена во 2014-та година, цените на цирагите се ниски, пониски од оние во доста европски земји. Цената на кутија од 20 цигари во март 2015-та година беше 6.08 долари.

9. Вистински центар во Европа

luksi 9

Оваа нација претставува сопствен центар, кога станува збор за европските институции. Тука се сместени институции како Европскиот суд за човекови права, Секретаријатот на Европскиот парламент, Европската инвестициска банка и многу други. Дел од административните згради на Европската комисија исто така се тука.

10. Платите се исто така добри

luksi 1011

Луксембург е втора земај по богатство во светот. Во моментов таа е една од водечките земји во Европа, кога станува збор за високите плати. Овој факт до одреден степен го објаснува присуството на националности од соседните земји кои доаѓаат тука да работат, но живеат надвор од нејзината територија. Според податоците од 2013-та година, станува збор за над 160.000 луѓе.

11. Тука е лесно да се направи бизнис

luksi 11

Тука седиште имаат бројни водечки компании во Европа. Нивното присуството е знак за тоа дека во Луксембург има одлични услови за развој на бизнис. Поради даночната политика, голем број европски компании имаат седишта токму тука.

12. Симпатична е за туризам

luksi 12

Ако 11-те точки дотука не успеаа да ве убедат во супериорноста на Луксембург, тогаш прекрасниот пејзаж ќе го направи тоа. Тука ќе најдете неверојатни предели и предизвици кои ќе ве натераат да одите со часови. Дури и за кратка прошетка, Луксембург може да ви понуди глетки од кои застанува здивот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП