19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИскрател отвори нов развоен центар – 100 нови вработувања

Искрател отвори нов развоен центар – 100 нови вработувања

пешевски-искрател

Вицепремиерот Владимир Пешевски и Претседателот на Управниот одбор на групацијата Искрател, Жељко Пуљич, во петокот свечено го отворија регионалниот развоен центар на ИТС Искрател Скопје.

Пешевски истакна дека Македонија е позната како еден од најбрзо растечките пазари во информатичко-компјутерската технологија во овој дел од Европа. Тренд кој е резултат на јасната визија која ја зацрта Владата уште од 2006-тата година.

Благодарение на политиките, мерките и многуте проекти кој се спроведуваа преку Министерството за информатичко општество и администрација, компјутерите и интернетот влегоа на голема врата во македонските семејства, македонското образование и севкупно во македонското општество.

„Изминатиот период се спроведоа многу кампањи за потикнување на младите да се образуваат во делот на информатичките науки. Секој ученик доби свој компјутер пред себе. Отворивме повеќе нови факултети, нови насоки и струки во делот на информатичките науки и доделивме голем број ваучери и степендии за да ги насочиме младите кон информатичките науки. Го отворивме новиот Универзитет за информатички науки и технологии во Охрид, како и мноштво други чекори преку кои низ годините се оформи силна ИТ заедницата“, истакна Пешевски.

Претседателот на групацијата Искрател, Жељко Пуљич истакна дека оваа компанија подготви нова стратегија за развој до 2020 година, во која Република Македонија завзема особено важно место.

„Во нашите стратегии за развој Македонија завзема особено важно место. Ние сакаме нашата компанија да продолжи да се развива, но не сакаме заработеното само да го изнесеме од државата. Работиме во Македонија и сакаме со нашата работа да придонесеме ова општество да се развива и директно да допринесеме кон развојот на економијата на Република Македонија“, истакна Пуљич.

Директорот на ИТС Искрател Скопје, Јанез Сајовиц истакна дека Искрател е веќе над 60 години присутна на македонскиот пазар и најави дека со отворањето на развојниот центар се создава можност за дополнително вработување на над 100 специјалисти кои ќе развиваат производи од информатичко – компјутерската технологија.

Вицепремиерот Пешевски исто така потенцираше дека развојот на информатичко – компјутерската технологија е иднината на Република Македонија и дека со отворање на развојниот центар се создаваат уште подобри услови за унапредување на оваа индустриска гранка во земјата.

ИТС Искрател Скопје која моментално има над 50 вработени, со отварањето на регионалениот развоен центар, планира да вработи повеќе од 100 нови нови лица, односно млади и талентирани кадри од областа на телекомуникациските и информатичките технологии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП