26 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКросоверот на Lada е подготвен за производство (фото)

Кросоверот на Lada е подготвен за производство (фото)

lada kross

Вториот автомобил од обновената палета модели на руската марка „Lada“ е подготвен за производство, пишува локалното издание „lada-xray2“, објавувајќи фотографии од возилото.

Кросоверот се нарекува „XRAY“, а неговото сериско производство ќе започне во средината на декември. За тогаш е закажан и стартот на продажбата во Русија.

lada kross1

Што се однесува до фотографираниот автомобил, тој изгледа сосема подготвен за производство. Сепак се наведува дека тој е дел од пилот серија наменета за тестови.

Спореден со покажаните концепти во 2013-та и 2014-та година, серискиот „XRAY“ изгледа речиси слично. Минимални разлики се забележуваат во задните светла, тркалата и графикот на фаровите.

lada kross2

Што се однесува до внатрешноста, тој изгледа се уште се доработва, бидејќи употребените материјали имаат чуден изглед. Дизајнот му е близок до оној на „Dacia Sandero“, кој всушност е во основата на руското возило.

Од информациите, станува јасно дека врвните верзии на „Lada XRAY“ ќе располагаат со инфо-систем за забава со 7-инчен дисплеј (сличен со оној на „Dacia“), мултифункционален волан, клима, електрични стакла и друго.

lada kross3

Кросоверот, кој ќе се нуди само со погон на предната оска, ќе може да биде опремен со еден од понудените три бензински мотори – два со зафатнина од 1,6 литри со моќност од 106 и 114 КС, и 1,8-литарски со 122 КС. Помалите агрегати се споени со рачен менувач, додека најголемиот потпира на автоматска трансмисија.

Цената на кросоверот ќе варира помеѓу 9.000 и 9.400 евра во зависност од нивото на опрема и моторот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП