20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBlackBerry повторно размислува за напуштање на пазарот на смартфони

BlackBerry повторно размислува за напуштање на пазарот на смартфони

blackberry telefoni

Заминувањето од пазарот на смартфони се уште не е на дневен ред во „BlackBerry“, но не е исклучено како можност. Ова го изјави извршниот директор на компанијата Џон Чен за време на конференцијата „Code Mobile“, цитиран од онлајн изданието „ZDNet“.

„По некое време ќе треба да го направите профитабилен бизнисот со мобилни уреди. Во спротивно ќе треба да размислувате што правите таму“, вели Чен.

Во моментов, компанијата подготвува нов паметен телефон кој ќе користи „Android“ за својот оперативен систем. Се очекува да биде претставен наскоро.

Паралелно со ова продолжува и развојот на сопствената платформа на компанијата – „BB10“. Ќе има минимум две надградби на оперативниот систем во рамките на следните 12 до 24 месеци. Чен прецизира дека точниот број и лансирни датуми ќе зависат од „бизнис решенијата“, веројатно дали воопшто компанијата ќе остане во сегментот на смартфоните.

Чен не коментира какви би биле другите сегменти во кои „BlackBerry“ ќе продолжи да се развива. Во последниве месеци компанијата напорно ги преработува своите услуги, за да можат да се достапни како апликации и за конкурентни платформи. Освен тоа, се фокусира и врз сајбер безбедноста, која ќе е акцент и на смартфонот со „Android“, кој ќе се вика „Priv“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП