15 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ5 неверојатни факти за новата функција која наскоро пристигнува на Facebook! (фото+видео)

5 неверојатни факти за новата функција која наскоро пристигнува на Facebook! (фото+видео)

nova funkcija00

„Facebook“ објави дека во Ирска и Шпанија тестира нова функција која го доби називот „reactions“, a која ќе донесе нови начини со чија помош корисниците ќе можат да се искажат, покрај досегашното „like“ копче.

Познатиот американски портал „The Verge“ откри неколку интересни факти во врска со новата опција која наскоро бил требало да заживее на „Facebook“.

5. Корисниците ја бараа оваа опција така што константно ги пополнуваа извештаите за грешки. Многумина недостатокот на „haha“ и останатите реакции кои „Facebook“ сега ги претстави ги сметаа за грешки во софтверот.

4. „Facebook“ ги избра првите емоции во новата опција, така што ги скенираше зборовите во коментарите. Со тоа беше откриено дека во коментарите со еден збор најчесто се употребуваат „haha“, „sad“ (тага), „wow“ (изненадување) и „yay“, па поради тоа „Facebook“ направи токму такви емоции.

nova funkcija01

3. Најпопуларната друштвена мрежа следеше и како корисниците ги искажуваат емоциите со помош на „стикери“. Тие се препони со емоции, па на познатата компанија и беше лесно да открие што корисниците најмногу сакаат.

2. Функцијата мометално е достапна само за Шпанците и Ирците, затоа што тие главно немаат пријатели во други држави. Тестирањето на нови функции секогаш е комплицирано, па поради тоа се избираат држави во кои корисниците имаат мал број на пријатели надвор од границите на таа земја.

1. Луѓето всушност не го сакаа копчето „dislike“. Се дојде до заклучок дека ова опција и не е така корисна како што се сметаше, а главната причина за тоа е што не е доволно специфична.

„Доколку видите нешто тажно би можеле да направите „dislike“ на тоа, но во тој случај луѓето нема да изразат некоја форма на сочувство. Од друга страна, доколку направите „dislike“ на нешто што ве налутило, веројатно повеќе би сакале да испратите некоја „лута емоција““, изјави Адам Мосери кој е задолжен за развој на „News Feed“ во „Facebook“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП