5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФАО: Прв раст на глобалните цени на храната по 18 месеци

ФАО: Прв раст на глобалните цени на храната по 18 месеци

zito20

Цените на храната во светот се зголеми во септември по падот во август, но остануваат доста пониски во однос на една година претходно, покажувајќи знаци на стабилизација, соопшти Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО), цитирана од светските агенции.

Индексот на организацијата, известување за месечните ценовни промени на кошница од житарки, маслодајни култури, млечни и месни производи и шеќерот, достигна просек oд 156.3 поени од минатиот месец, што е зголемување за еден поен во однос на август.

Индексот се намалува во текот на поголемиот дел од изминатите 18 месеци, делумно благодарение на зголемувањето на светското снабдување. Показателот продолжува да е блиску до 6-годишниот минимум, забележан во август.

Цените во септември биле за 18,9 проценти пониски отколку пред една година, но зајакнувањето на енергетските цени и скапиот долар би можеле да ги поддржат цените на храната во иднина, наведува главниот економист на „ФАО“, Абдолреза Абасиан.

„Овој благ пораст на индексот на цените на храната што се оствари во минатиот месец, може да е показател дека го стигнуваме дното и дека цените, макар и да не се зголемуваат нагло никаде, повеќе нема и да опаѓаат значително“, додаде тој.

Зголемувањето на цените се должи најмногу на зајакнувањето на цените на шеќерот и млечните производи кои се зголемиле со 3,2 проценти и 5 проценти, соодветно. Другите стоки останале во близина на августовските нивоа.

„ФАО“ намали прогнозата за светската житна култура за оваа година до 2,534 милијарди тони во однос на претходните 2,5 милијарди тони, поради ниските очекувања за реколтата од сточна храна, жито и ориз.

Пченицата сепак изгледа ќе има рекордна година благодарение на повисоки приноси во Кина и ЕУ. Предвидувањата на „ФАО“ може да бидат покачени дополнително врз основа на неодамнешните податоци за екстракција во Канада, додаде Абасиан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП