4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИУтре ќе бидат отворени банките во Кипар

Утре ќе бидат отворени банките во Кипар

Извори од централната банка на Кипар изјавија дека сите банки во земјата, со исклучок на кипарската Народна банка (Лаики) и Банката на Кипар, утре ќе бидат отворени, пренесе БТА.

На 16 март со одлука на властите банкарскиот систем на островот ја запре работата поради опасност од масовно повлекување пари.

Изворите, повикувајќи се на одговорен претставник на банката, истакнаа дека Народната банка и Банката на Кипар ќе ги отворат вратите на 28 март.

Одлуката банките да останат затворени беше донесена по склучувањето на 16 март на првиот договор за спасувачкиот план меѓу Кипар и меѓународните кредитори, што предвидува воведување данок врз банкарските депозити, вклучувајќи ги оние под 100.000 евра. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП