20 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗШтотуку претстави еден, Tesla најави нов кросовер

Штотуку претстави еден, Tesla најави нов кросовер

 

teslic 3030

Досега спектарот на „Tesla Motors“ се состои од два електрични возила – седанот „Model S“ и неодамна прикажаниот кросовер „Model X“.

Не е тајна дека во компанијата работат врз ценовно достапен седан – „Model 3“, но сега станува јасно дека догодина ќе биде претставен и уште еден „SUV“ – „Model Y“.

Веста беше откриена лично од сопственикот на компанијата – Илон Маск, кој на својот профил на Twitter откри малку детали за идниот електромобил. Интересно е дека малку подоцна пораката беше избришана од ѕидот на милијардерот.

Сепак се виде одговорот на Маск на прашањето на негов следбеник, кој праша дали во компанијата предвидуваат и подостапна варијанта на „Model S“. Маск напиша дека таков ќе има, како тој ќе добие истите задните врати, какви и неговиот поголем брат.

Освен тоа од сопственикот на „Tesla Motors“ стана јасно дека идниот кросовер ќе има сет батерии кои ќе бида околу 70 kW / h. Ќе има и систем сличен на „Ludicrous“ кај „Model X“, со кој се зголемува забрзувањето и соодветно моќноста на електричниот автомобил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП