11 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ8-инчниот таблет на HP со 10-инчна тастатура

8-инчниот таблет на HP со 10-инчна тастатура

hp tablet

Американскиот производител на компјутери „HP“ го претстави новиот 8-инчен таблет со 10-инчна тастатура која е поголема од него.

Таблетот, кој го носи името „Envy Note 8“, е од средната класа и има резолуција од 1.920 x 1.200 пиксели, како и процесор „Intel Atom x5“. Неговиот оперативен систем е „Windows 10“. Она што е најинтересно кај него сепак, е додатокот со тастатура, со кој се предлага.

Тој практично е доста поголем од самиот таблет. И иако е голема, тастатурата не е со стандардни димензии. Таа е со големина од 10 инчи во дијагонала, а располага со широк тракпад на дното. Растојанието помеѓу копчињата е 1.5 mm, што е растојанието помеѓу копчињата кај преносните компјутери на компанијата од највисока класа. Тоа според производителот овозможува брзо и удобно пишување на текст.

hp tablet1

На страните има определено место и за паметно пенкало, кое оди со таблетот. Но, тастатурата има уште една функција – да го држи таблетот како при пренесувањето, така и за време на работа. Таблетот може да и биде свртен на тастатурата и хоризонтално и вертикално.

Моделот „Envy Note 8“ подржува работа во 4G-мрежи, а има слот за мемориска картичка, како и USB-порта. Задната камера е 5-мегапикселна, а предната со резолуција од 2 мегапиксели. Батеријата не е од најтрајните, но осигурува 6 часа работа.

Основниот модел, вклучувајќи го само таблетот и пенкалото ќе се продава за 329 долари, додека со вклучување на тастатурата цената достигнува 429 долари.

hp tablet2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП