20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSamsung најавува силен скок на добивката

Samsung најавува силен скок на добивката

sam

Корејскиот производител на електрични стоки Samsung проценува дека неговата оперативна добивка во третиот квартал годинава ќе скокне за речиси 80 отсто во споредба со истиот период минатата година., на 7.300 милијарди вони, односно 6,29 милијарди американски долари, соопштија во средата од компанијата.

Најновите процени ги надминуваат очекувањата на аналитичарите, кои се движеа околу 6.800 милијарди вони. Во истиот период минатата 2014 година, добивката на Samsung изнесуваше 4.100 милијарди вони.

Доколку се остварат новите процени за добивката, тоа ќе претставува прв раст на добивката на тримесечно ниво во последните две години. Целосниот извештај за резултатите за активностите во третиот годинешен квартал Samsung планира да го објави во втората половина на октомври.

Во последниот период Samsung се соочува со остра конкуренција од страна на неговиот главен ривал во сегментот на производство на паметните телефони во категоријата скапи апарати. Истовремено, во сегментот на евтини уреди најголемиот конкурент му претставуваат кинеските производители на паметни телефони како што е Xiaomi.

Аналитичарите најновите процени за добивка на Samsung ги оценуваат како изненадувачки, истакнувајќи притоа дека најверојатно ја одразуваат посилната заработувачка од продажбата на паметни телефони споредено со една година претходни, а во прв ред благодарејќи на воведувањето на новиот модел Galaxy Note 5 во август.

„Производите на Samsung се продаваат подобро отколку што се очекуваше. Му оди добро и натаму на пазарите на паметни телефони и таблети, благодарејќи на новите модели како што се S6 Edge и Note 5“,  вели за BBC Ендрју Милрој, аналитичар во компанијата „Frost & Sullivan“.

Според него, важно е да се спомене дека за поголемата добивка по репатријацијата на компанијата во матичната земја придонел и послабиот вон, кој ги поевтини производите на јужнокорејскиот гигант на странските пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП