29 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFiat привлекува клиенти од Volkswagen со дебели бонуси

Fiat привлекува клиенти од Volkswagen со дебели бонуси

Италијанско-американскиот концерн „Fiat Chrysler Automobiles NV“ најде начин да извлече корист од дизел скандалот, кој во моментов го доживува германската компанија „Volkswagen AG“.

Секој сопственик на автомобил на германскиот концерн во Италија добива бонус до 1.500 евра при преминот на некој автомобил од брендовите на „Fiat Chrysler“, соопштува „Bloomberg“.

Ваквите практики не се новина, но обично бонуси се даваат на сопственици на други марки на автомобили за да преминат кон даден производител. Таргетирањето на одредени марки, во случајот со оние на „Volkswagen AG“, не се вообичаена практика во Европа.

Од компанијата со седиште во Торино одбиваат да дадат коментар, прецизира „Bloomberg“. Станува јасно дека италијанско-американскиот концерн испратил специјално писмо до дилерите, со што ги уверуваат сите сегашни и идни клиенти дека во нивните произведени автомобили не е ставен уред за манипулирање на емисиите, како и дека тие ги исполнуваат сите норми.

Самите стимулации, наменети за сопствениците на автомобили на „Volkswagen AG“, стартуваат од 500 евра за моделот „Fiat Panda“ и достигнуваат до 1.500 евра за теренецот „Jeep Grand Cherokee“.

Во меѓувреме „Automotive News Europe“ соопшти дека „Ford Motor Co.“ исто така нуди сличен бонус за сопствениците на автомобили „Volkswagen“ во Италија. Понудените стимуланси од американската марка се во износ од 750 евра.

На италијанскиот пазар брендот „VW“ е позициониран на второ место по продажба. Лидер е „Fiat“. Продажбата на Германците паднаа за 1,4% во септември, додека оние на „Fiat“ пораснаа за 24%, покажува информацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП