Како што наведува истражувачката компанија „Localytics“, телефонот „iPhone 6s“ на „Apple“ во првата недела се продавал многу подобро отколку „iPhone 6s Plus“. Поточно, „iPhone 6s“ е четири пати попопуларен од својот поголем „брат“.
Двата телефони веќе сега може да сметаат на удел од 1,9 отсто од сите „iPhone“ телефони кои се во употреба, но „iPhone 6s“ држи 1,5 проценти удел, додека „iPhone 6s Plus“ држи 0,4 oтстo.
Пред само една недела, „Apple“ објави дека оствариле рекордна продажба од 13 милиони единици на „iPhone 6s“ и „iPhone 6s Plus“ телефоните за само три дена. Потсетуваме, „iPhone 6“ и „iPhone 6 Plus“ во текот на првите три дена беа продадени 10 милиони примероци.
„iPhone 6“ и натаму останува најпопуларниот телефон на „Apple“ со 33,2 проценти удел од сите смартфони на компанијата.