22 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSony го одделува бизнисот со чипови

Sony го одделува бизнисот со чипови

Japan Earns Sony

Јапонската компанија „Sony“ ќе го оддели својот бизнис со чипови во посебна компанија. Потегот е дел од напорите на претседателот Казуо Хираи да го фокусира бизнисот врз „хит“ производите, како сензорите за слики и размислува за продажба на недоволно претставените активи, пишува „Bloomberg“.

„Sony Semiconductor Solutons“ ќе стартува со работа во април и ќе биде предводена од Теруши Шимизу, кој во моментов е вториот човек во хиерархијата задолжен за сегментот со уредите.

Двете други поделби во овој сегмент – „Sony Energy Devices“ и „Sony Storage Media & Devices“, ќе продолжат да функционираат како посебни компании, објавија од компанијата со седиште во Токио.

Новата структура ги одразува напорите на Хираи да ги направи менаџерите поодговорни и да се забрза процесот на донесување одлуки, додека компанијата се стреми кон повисока добивка.

Ваквиот потег може да му помогне на „Sony“ да се ослободи од послабите единици, како што тоа го направи со компјутерите „Vaio“ во минатата година.

„Sony“, чиј бизнис со видео игри, филмови и музика веќе работи одделно од компанијата-мајка, овој месец го оддели своето обележје бренд, „Walkman“ во самостојна фирма, во која влегуваат бизнисот со слушалки, опремата за домашно кино и „Blu-ray“ плеерите.

Единицата за уреди на „Sony“ и донесе 11% од приходите на јапонската компанија во текот на кварталот, кој заврши во јуни. Тоа го зголеми повеќе од двојно профит до 30,3 милијарди јени (250 милиони долари), откако продажбата се зголеми поради побарувачката од страна на производителите на смартфони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП