5 мај, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИOnePlus Mini ќе биде претставен до крајот на годината?

OnePlus Mini ќе биде претставен до крајот на годината?

one +

Популарниот производител на достапни смартфони, „OnePlus“, се очекува да претстави уште поевтин уред до крајот на годината.

Новите информации покажуваат дека на пазарот ќе се појави модел „OnePlus Mini“ кој ќе има 5-инчен дисплеј со резолуција од 1.080 пиксели и ќе е придвижуван од процесорот на „MediaTek“ – „Helio X10“ кој е осумјадрен со фреквенција од 2,2 GHz.

Во однос на останатите карактеристики, смартфонот се очекува да располага со 2 GB RAM меморија и 32 GB внатрешна меморија. Неговата задна камера најверојатно ќе биде 13-мегапикселна од „Sony“ со сензор „IMX258“, а предната ќе е 5 мегапикселна со можност за снимање на слики со широк агол.

one +1

Капацитетот на батеријата најверојатно ќе биде од 3.100 mAh која ќе се полни во порт „USB Type-C“. Новиот паметен телефон се очекува да има можност за брзо полнење, која недостасува при последниот претставен модел од страна на комапанијата – „OnePlus 2“.

Смартфонот се очекува да има и два предни звучници со моќност од 1.2 W. На задната страна на уредот ќе се наоѓа сензор за отпечатоци, а тој се очекува да го има стандардот „IP67“, што значи дека е отпорен на вода и прашина.

Сето ова се очекува да биде предложено по цена од само 250 долари во ноември или декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП