19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКриза во автомобилската индустрија

Криза во автомобилската индустрија

folk

Случајот „фолксваген“ се уште ја бранува светската јавност…

Откако американците открија дека софтверот во одредени автомобили давал лажни податоци на тестирањата за емисијата на штетни гасови, проценките се дека на светско ниво се засегнати околу 11 милиони возила.. Директорот на компанијата, Мартин Винтеркорн си поднесе оставка. Волксваген го призна скандалот, менаџментот изрази жалење што ја нарушиле довербата на клиентите.

 

Акциите на германскиот гигант отидоа надолу

Вредноста на акциите на компанијата од почетокот на скандалот се намалија за околу 40 проценти.  Во меѓувреме, истрагата се проширува. На тестовите паднаа и други брендови, на еден или на друг начин поврзани со групацијата волксваген.

На светско ниво, во скандалот се засегнати вкупно 11 милиони возила, од кои 500 илјади се во САД.

 

Во Македонија нема место за паника 

Импортерите велат светскиот скандал не може да го наруши германскиот имиџ за квалитет, кога се во прашање автомобилите. Од Машинскиот факултет тврдат дека нема причина за загриженост.. Во моментов е дозволен увоз на моторни возила од стандардите еуро 3 и еуро 4. Кај новите увезени автомобили се проверува документацијата, дали нивото на стандардите и на техничките барања се пропишани во законот за возила.. Во инспекцијата учествува и Машинскиот факултет.. Тестирањата се вршат во неколку технолошки центри во европа.

И првиот човек на Порше Македонија, Златко Муцунски тврди дека фолксваген автомобилите ги задоволуваат нормативите кои важат во нашата земја. Според него, фолксваген прави темелна екстерна истрага, тектонски поместувања има и во менаџментот на групацијата. По нарушениот германски имиџ за квалитет, се бараат решенија за враќање на довербата кај клиентите.

,,Кон проблемот ќе се пристапи со максимална транспарентност, нема да ја ставиме главата во песок и да бегаме од клиентите, напротив, тоа што се работи во моментов е изработка на софтверски решенија кои што ќе ги вратат азотните оксиди во рамките на еуро 5 стндардот и тоа ќе им биде понудено и на нашите клиенти, затоа што стандардот во земјава е еуро 4, нашите клиенти ќе имаат можност да изберат дали сакаат нивните возила да добијат надградба“, објаснува Муцунски.

zlate

Според европската агенција за животна средина автомобилите продадени минатата година во унијата емитувале помалку јаглерод диоксид отколку оние што биле продадени во 2013 година. Овие автомобили емитувале 2,6% помалку јаглерод диоксид, односно за околу седум грама помалку отколку што е проектирано како цел за намалување на емисијата за 2015 година. Автомобилите продадени минатата година во ЕУ испуштале 123,4 грама јаглерод диоксид по километар, додека границата за 2015 година е 130 грама, што е постигната уште во 2013 година. Се планира до 2021 година оваа граница да биде намалена на 95 грама по километар. Најголем дел од автомобилите во ЕУ имаат дизел мотори, дури 53%, и тие најмногу се возат во Ирска, Луксембург и Португалија. Најголеми загадувачи на воздухот се автомобилите што се возат во Летонија, Естонија и Бугарија, додека најмала емисија на јаглерод диоксид имаат автомобилите во Грција, Холандија и Португалија. Истовремено, во текот на 2014 година во ЕУ се регистрирани околу 38 илјади електрични автомобили, што е за 57% повеќе отколку во 2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП