12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛазаров за историја, прв со 1.000 голови во ЛШ

Лазаров за историја, прв со 1.000 голови во ЛШ

Barcelona Foto: Johannes Kernmayerwww.kernmayer.com

Кирил Лазаров со златни букви го запиша своето име во аналите на Лигата на шампионите откако стана првиот играч кој постигнал 1.000 голови во ова натпреварување.

Лазаров, кој 14 сезони игра во Лигата на шампионите, на мечот со ПИК Сегед, на кој Барселона победи со 30:28, постигна пет голови, а со петтиот стигна до точно 1.000 голови во кариерата во ЛШ.

Инаку ова е само еден од рекордите кои се во сопственост на Лазаров, тој е најдобар стрелец во историјата на светските и европските првенства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП