26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVolvo Trucks слави јубилејни 15 години постоење во Македонија(фото)

Volvo Trucks слави јубилејни 15 години постоење во Македонија(фото)

vcc

Оваа година, Volvo Trucks ја прослави својата бронзена годишница – 15-годишно постоење на Volvo Trucks во Македонија. По повод овој јубилеј, беше организиран свечен настан во сервисниот центар на Volvo Trucks Македонија, кој се одржа на 25-ти септември 2015 година со почеток во 19:00 часот.

Овој јубилеј станува уште позначаен ако се земе вo предвид фактот дека Volvo Trucks во овој момент е водечки снабдувач на нови тешки товарни возила во Македонија. Покрај широкиот асортиман на квалитетни и сигурни возила и услуги, Volvo Trucks стекнаа и многу лојални купувачи. Токму затоа, сосема оправдано, целиот настан беше најавен под слоганот:

15 години грижа и посветеност

15 години приврзаност и заедништво

15 години среќа и возбудливи моменти

15 години Volvo Trucks во Македонија со Вас!”

vaa

Приказната на македонскиот пазар датира од 2000 година, кога во Скопје е основана филијала на компанијата Volvo Trucks. По скромниот прв чекор, обемот на бизнисот почна да расте брзо. Во 2000 година, тие имаа испорачано околу 30 возила и имаа 15% пазарен дел. Денес, пазарното учество е над 40-45%, со испорачани повеќе од 1.000 камиони и остварена успешна соработка со повеќе од 600 различни фирми од Македонија. На пазарот беше распознаен квалитетот и сигурноста на производите и услугите кои ги нуди Volvo, па така и продажбата постојано расте.

„Од самиот почеток, на нашиот пазар понудивме Volvo камиони со најсовремени техничко-технолошки решенија, квалитетна продажба, Volvo финансирање и сервис и резервни делови и секако грижлив однос на вработените кон Вас, нашите клиенти и корисници на Vоlvo камионите. Тоа е веќе 15 години главна водилка на нашата фирма.”, рече Ванчо Чичаковски, одговорниот за продажба за Македонија.

vbb

Со постојаното проширување на бизнисот, новиот стручен кадар и обемната програма за продажба на високо квалитетни и сигурни комерцијални возила, Volvo Trucks сe најважните играчи на пазарот за тешки товарни возила во Македонија.

Роберт Гроздановски, (Директор на Volvo Group Trucks Sales -Europe North SalesCentral East ), изразувајќи го своето искрено задоволство и пренесувајќи ги пофалбите кон лојалниот водечки тим на Volvo Trucks Македонија, додаде: „Наша цел е и понатаму да го развиваме нашиот однос, бидејќи не сакаме да бидеме само Ваш добавувач на камиони, туку и ваш најдобар партнер кој допринесува за Вашиот успех. Драги Volvo пријатели, Ви благодарам што одбравте да ја градите Вашата приказна заедно со нас во последните 15 години! Ви благодарам на довербата која ни ја дадовте во текот на овој период, а ние Вас Ви посакуваме продолжување на Вашиот успех во иднина! Бидејќи, доколку сте Вие успешни- и ние ќе бидеме успешни, така ние го разбираме партнерството. ”

vdd

И Johannes Kjellgren, (Директор на Volvo Group Trucks, Adriatic), ги изрази своите честитки: „Кога имам дискусии во регионот за тоа како треба да работиме како компанија и со клиентите, често слушам “Одете во Македонија и видете како тие работат, тие ги прават вистинските работи.” Приказната за успехот на Volvo Trucks , покрај луѓето и производите е поврзана со нашите основни вредности: квалитет, сигурност и грижа за животната средина. Овие вредности се вкоренети во сé што правиме и градат цврст темел на нашиот начин на работење.”

Бројните партнери и пред сé пријатели на Volvo Trucks кои беа присутни на прославата се уште еден доказ дека компанијата е развиена со вистинските луѓе на вистинско место. За гордеење се одличните возила Volvo кои се продаваат со одличен квалитет, а по продажбата продолжува и грижливиот однос од страна на вработените кон клиентите. На сите потрошувачи Volvo Trucks им стои цело време на располагање, работи со полна пареа во разбирањето на нивните потреби и им помага да ги завршат успешно нивните работни предизвици. Ова е дефинитивно еден од главните фактори за успех.

vee

Посветеноста на квалитетот, сигурноста и грижата за животната средина се главните двигатели во компанијата и предуслов за нивниот веќе 15-годишен успех.

Квалитетот и сигурноста на еден камион се всушност основа за една успешна компанија од оваа бранша, што се потврдува и со многубројните задоволни македонски превозници кои се лојални на Volvo возилата.

vff

Секојдневната посветена дејност на подобрување на функционалноста, квалитетот и успешноста на резултатите во работењето, како и модерните и ефикасни мотори кои можат да се пофалат со ниска потрошувачка на гориво, значи и видливо намалени трошоци за клиентите, како и значително понизок степен на загадување на животната средина.

Возилата на Volvo се направени од цврст шведски челик, и затоа се исклучително издржливи. Порај издржливоста, ова гарантира и допринесува за поголема безбедност при возење на камионот. Безбедноста е исто така една од главните политики на Volvo и компанијата слободно може да се пофали дека се пионири и едни од најдобрите кога станува збор за оваа одлика. Тие уште во 1960-тата година започнуваат да обавуваат тестови во склад со стандардите, кои биле многу потешки од оние кои ги наложувале тогашните закони.

vhh

На 15 годишнината, Volvo Trucks во Македонија ја припремија и специјалната серија Volvo FH, специјално издание за 2015-та година, кое е ексклузивно достапно само во Македонија. Возилото го придвижува силен и ефикасен 13-литарски мотор кој ги задоволува емисиите на стандардниот Еуро 6 мотор, меѓутоа развива максимална моќност од 460 КС со 2.300 Nm вртежен момент, а истовремено има и умерена потрошувачка на гориво и ниска цена на одржување.

vii

Посебната серија на Volvo FH беше украсена со налепници во жолто-црвена боја на македонското знаме, како уште едно обележје на свеченоста.

Напорите на Volvo Trucks да станат едни од водечките производители на тешки товарни возила се крунисани со многубројни награди и признанија. За огранокот во Македонија, овие први 15 години се само почеток. Тие секојдневно се соочуваат со нови предизвици и си поставуваат нови цели, и без колебање ги реализираат, продолжувајќи да ја исполнуваат својата визија и мисија.

vjj

vkk

vmm

vnn

voo

vuu

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП