17 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМожен е банкрот на втората по големина авиокомпанија во Русија

Можен е банкрот на втората по големина авиокомпанија во Русија

transaero 220

Иднината на втората по големина авиокомпанија во Русија, „Трансаеро“ останува неизвесна, откако во четвртокот на состанок кај рускиот премиер Дмитриј Медведев е донесена одлука за започнување на постапка за стечај, пренесоа агенциите.

Сите обврски по превозот на патниците на „Трансаеро“ ќе бидат исполнети, увери рускиот министер за транспорт Максим Соколов.

Неодамна „Трансаеро“ мина под оперативното управување на „Аерофлот“. По директива на Министерството за економски развој на 3-ти септември советот на директори на „Аерофлот“ одобри купување на 75% плус 1 акција од „Трансаеро“ за симболична 1 рубља.

Во четвртокот „Аерофлот“ објави дека се откажала од понудата. Во пораката е наведено дека компанијата ќе користи сопствени средства за нормализирање на ситуацијата со втората по големина руска авиокомпанија.

Извор од „Сбербанк“ претходно соопшти дека се уште не е донесена конечна одлука за долгот на авиокомпанијата кон банката. Износот на долгот кон „Сбербанк“ не се наведува. Се смета дека „Трансаеро“ должи 250 милијарди рубли, од кои 150 милијарди рубљи како обврски по закуп, а околу 20 милијарди рубли – до аеродроми и за горива и поправки.

Авиокомпанијата должи на „ВТБ“ 12 милијарди рубли, а на „Газпромбанк“ – 7,9 милијарди рубљи.

Во меѓувреме од банката „Меѓународен финансиски клуб“ (ИФЦ), која е еден од доверителите на „Трансаеро“, предложија да не се пристапува кон банкрот.

Во соопштението од прес-службата на банката се вели дека банкротот на „Трансаеро“ е најлошото сценарио, кое би можело да доведе до влошување на квалитетот на воздушниот транспорт во земјата и да предизвика огромни штети на капитализација на целиот банкарски систем во земјата.

Како излез од оваа ситуација, „ИФЦ“ предлага да се пренесат 75% + 1 од акциите на „Трансаеро“ под управување на банките-кредитори кои ќе ги отпишат долговите на авиокомпанијата во износ од 20%, и ќе се утврди грејс период за финансиско заздравување на компанијата.

Останатиот долг на „Трансаеро“ да се претвори во хартии од вредност, а компанијата да продолжи операции под контрола на банките-кредитори.

Од 1-ви октомври „Росавиација“ забрани продажба на билети за редовни летови на компанијата. Максим Соколов прецизира дека на „Трансаеро“ не одземена лиценцата, а компанијата продолжува да работи. Тој истакна дека банкротот е само една од можните варијанти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП