4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИХакери украдоа податоци за 15 милиони клиенти на T-Mobile во САД

Хакери украдоа податоци за 15 милиони клиенти на T-Mobile во САД

Haker-kompijuter-virus

Хакери украле лични податоци за околу 15 милиони клиенти и купувачи на компанијата T-Mobile во САД, а челниците на компанијата тврдат дека не се украдени податоците за кредитните картички од банкарските сметки.

Упадот во системот се случил во одделот на кредитната агенција Experian, која што T-Mobile ја користи за обработка на податоците за претплатниците. Меѓу украдените податоци се имињата, датумите на раѓање и броевите на социјалното осигурување, но не и финансиски поединости, објавија двете компании.

Извршниот директор на американското T-Mobile, Џон Леџер изјави дека компанијата ќе ја преиспита својата поврзаност со Experian. „Очигледно е дека сум многу лут поради оваа нарушување на податоците“, изјавил за медиумите.

Претплатниците коишто се кредитно проверувани во периодот од 1-ви септември 2013 година до 16-ти септември 2015 година, се најмногу загрозени, соопштија од компанијата.

„Многу сериозно ја земам приватноста на нашите клиенти и на потенцијалните клиенти. Ова не е мал проблем за нас. Ги уверувам нашите клиенти дека ниту системите на T-Mobile, ниту мрежите не се погодени од овој упад и дека тој не ги вклучува броевите на кредитните картички или подароците за банкарската сметка“, тврди Леџер.

Според него, од Experian ги преземале сите мерки за подобрување на заштитата на својот систем и податоците. Од оваа компанија, исто така, потенцирале дека упадот „може да доведе до зголемување на ризикот од кражба на идентитетот“.

Последните неколку години се случија низа масивни хакерски напади врз компании и институции, што влијаеше врз милиони луѓе, вклучително како што беа упадите на страницата за интимни средби Ashley Madison, Sony Pictures и онлајн трговците како што се Home Depot, Target и eBay.

Во моментов T-Mobile е третиот најголем мобилен оператор во САД, откако годинава го надмина Sprint.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП