17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК уште во 2011-та знаела за измамите со дизелските мотори?!

ЕК уште во 2011-та знаела за измамите со дизелските мотори?!

potocnik 33

Фактот дека во автомобилите се вградуваат дизелски мотори со поголеми емисии на штетни материи од оние коишто ги декларирале произведувачите бил познат уште пред неколку години, но работата била ставена „под тепих“, тврди поранешниот еврокомесар за екологија и простор Јанез Поточник.

„Уште во март 2011 година, кога бев комесар на Европската комисија, издадовме соопштение за јавноста дека постојат дизелски мотори со многу повеќе емисии од декларираните и дека е многу веројатно дека станува збор за измама на производителите“, изјавил Поточник во Љубљана во текот на предавањето на словенечките менаџери за одржливиот индустриски развој, пренесува во петокот љубљанскиот дневен весник Delo.

Бидејќи тогаш немало реакции, дојде до актуелниот скандал со дизел моторите на германскиот произведувач „ Volkswagen“ со вграден софтвер кој при тестирањето на возилата покажува пониски вредности на штетните материи, со што ѝ е нанесен „голем удар на европската индустрија“, рекол Поточник, кој во моментов е ангажиран како копретседател на форумот на ОН за одржлив развој кој се залага за промени во индустријата и за одржлив развој.

Поточник на словенечките менаџери на предавањето им кажал дека е потребен нов индустриски модел, како поради преголемата деградација на природата поради претераното искористување на нејзините ресурси, така и поради намалувањето на конкурентноста на стариот индустриски модел, бидејќи се очекува дека цената на сировините ќе започне силно да расте.

Токму поради тие трендови, во иднина во предност ќе бидат компаниите коишто уште отсега во практика воведуваа принципи на одржлив економски развој, смета Поточник.

Како пример за тие нови индустриски практика, притоа ги истакнал компаниите BMW и Caterpillar. „Тие уште сега ги обновуваат моторите на возилата на коишто им истекол економскиот животен век. BMW ги вградува во своите нови автомобили, а Caterpillar во новите работни машини“, навел поранешниот еврокомесар за екологија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП