18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPorsche именуваше нов извршен директор

Porsche именуваше нов извршен директор

nov ceo porsche

„Porsche“ го постави Оливер Блум за нов шеф на овој производител. Тој на местото прв човек на компанијата го замени Матијас Милер, кој е поставен на чело на „Volkswagen“ по оставката на дотогашниот директор Мартин Винтеркорн.

Блум (47), кој од 2013-та година беше задолжен за производство и логистика во „Porsсhe“, доби „зелено светло“ од надзорниот одбор на компанијата за именувањето на функцијата извршен директор од 1-ви октомври.

„Тој (Блум) е вистинскиот човек за оваа позиција, затоа што е дел од нас и во целост е посветен на „Porsche“. Многу е важно на такво место да дојде човек кој доаѓа од „производство““, изјави потпретседателот на надзорниот одбор, Уве Хик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП