9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната повторно во дефлација, невработеноста стабилна

Еврозоната повторно во дефлација, невработеноста стабилна

brisel-21

Инфлацијата во еврозоната во септември изнесуваше минус 0,1 проценти по растот од 0,1 проценти во месец август, поради колапсот на цените на енергентите, соопшти вчера европската служба за статистика Еуростат.

Годишниот пад на инфлацијата од 0,1 проценти во август, како што наведува агенцијата АП, бил очекуван со оглед на тоа што цените на енергентите ослабнале за 8,9 проценти во една година заклучно со септември.

Дефлацијата најверојатно ќе го зголеми притисокот на Европската централна банка (ЕЦБ) да ги зголеми и прошири постоечките монетарни потттици, пренесува АП и потсетува дека ЕЦБ тежнее кон постигнување на инфлација од нешто под два проценти.

Еуростат, исто така, објави дека стапката на невработеност во еврозоната во август останала на непроменето ниво од 11,0 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП