10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКонечно премиера на долгоочекуваниот Model X (фото+видео)

Конечно премиера на долгоочекуваниот Model X (фото+видео)

x kros

Три години по првиот прототип, откако неколку пати ја одложуваше премиерата на сериската верзија, „Tesla Motors“ и го прикажа на јавноста долгоочекуваниот „Model X“.

Презентацијата на новиот модел беше одржана во фабриката на „Teslа“ во Калифорнија, а лично ја водеше основачот и првиот човек на компанијата, Илон Маск.

Иако има малку поголем профил, „Tesla X“ според силуетата потсетува на лимузината „Model S“.

x kros1

Дизајнерите сметаат дека повеќе нема потреба еден електричен автомобил да има имитација на маската на ладилникот, па овој исклучиво козметички детал целосно исчезна од „Model X“.

Еден од првите детали кој ќе привлече внимание се атипичните задни врати.

Кога Маск во 2012-та најави дека „Model X“ позади ќе има врати кои се отвараат нагоре (тој ги нарече „falcon doors“, a во историјата на автомобилизмот се познати под „gullwing“ – крила на галеби), многумина беа скептични на ваквото решение.

x kros2

Меѓутоа, системот е усовршен до детал. Се испостави дека начинот на отворање на задните врати на „Model X“, покрај тоа што е визуелно атрактивен, многу е пофункционален од конвенционалното решение.

Благодарејќи на специјалниот механизам и бројните сензори кои ги детектираат евентуалните препреки во непосредна околина на возилото, вратите може да се отворат дури и при минимално растојание на автомобилот од соседните возила на паркингот.

Погледнете како функционира „falcon“ вратите на „Model X“, но и првите впечатоци од возењето на овој автомобил:

Внатрешноста на „Model X“, со огромен екран на централната конзола преку која се извршуваат сите подесувања во возилото, потсетува на кокпитот на „Model S“.

Новиот автомобил на „Teslа“ претставува комбинација на класични кросовер возила и мини-ван, па положбата на возачот и патниците се нешто повисоки во однос на лимузината, со доволно простор помеѓу главата и покривот.

„Model X“ има место за 6 или 7 лица во три реда седишта во конфигурација 2+2+2 или 2+3+2.

x kros3

Седиштата во вториот ред се поместуваат со електрика напред-назад, независно едно од друго, па така се олеснува сместувањето на патниците на седиштата од третиот ред.

Кросоверот на „Teslа“ добива погон од два електромотори. Предниот располага со 259 ks, додека задниот развива 503 ks.

Вкупниот комбиниран вртежен момент достигнува дури 967 Nm!

x kros4

Секој мотор ја пренесува моќта на соодветната осовина, па така се постигнува погон на сите четири тркала.

Врз основа на податоците кои ги објави американската Агенција за заштита на околината (EPA), „Tesla Model X 90D“ (верзијата со батерии од 90 kWh) со едно полнење може да мине 414 km.

Истиот извор наведува дека побрзата верзија, „P90D“, има незначително помала автономија во возењето – 402 km.

x kros5

„Model X“ можеби не е сестран како „Model S“, но секако има одлични перформанси.

Топ верзијата „P90D“ oд 0 дo 96 km/h (0-60 милји на час) забрзува за 3,8 секунди. Кога ќе се активира т.н. „лудо“ копче, истата брзина се достигнува за само 3,2 секунди.

„Model X 90D“ исто така има одлични карактеристики со оглед дека од состојба на мирување до брзината од 96 km/h стигнува за 4,8 секунди.

x kros7

„Tesla Motors“ истакнува дека автомобилот е опремен со воздушен систем за потпирање, како и безбедносна технологија за автоматско сопирање во случај на опасност од судар.

Производителот особено го издвојува системот кој ги штити патниците во возилото од надворешниот загаден воздух така што го зголемува воздушниот притисок во автомобилот во однос на атмосферскиот, што е прва примена на оваа технологија во еден сериски модел.

Купувачите кои сакаат да го набават „Model X“, ќе мораат освен парите (oколу 140.000 долари) да имаат и трепение. Оние кои ќе го нарачаат денеска ќе мораат да чекаат на испорака околу една година.

Подоцна на пазарот ќе се појави и поевтина верзија по цена од 132.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП