21 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКомпанија собира средства за смартфонот од вашите соништа

Компанија собира средства за смартфонот од вашите соништа

symentum 303

Кај смартфоните секогаш корисниците треба да прават компромиси. Оние кои сакаат смартфон со издржлива батерија на пример, нема како да се потпират на тоа уредот да е многу тенoк и лесен.

Нов производител кој собира средства во сајтот „IndieGoGo“, го презентира проектот за паметен телефон за кој ветува дека не прави компромиси.

Проектот е за уред со „Android“ со исклучителни технички карактеристики. Производителот ветува процесор „Snapdragon 820“, 6GB RAM меморија и 256 GB внатрешна меморија.

Камерата ќе биде 24-мегапикселна, а батеријата со моќност од 4.000 mAh. Сето ова ќе е во компактно куќиште со речиси никакви граници и дебелина од само 6 милиметри. Тоа е помалку од дебелината на моделот „iPhone 6“.

Проектот е наречен „Symetium“, но засега не е сигурно дека успешно ќе се соберат средства и на крајот ќе дојде до масовно производство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП