20 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИBlackBerry Priv - првиот Android смартфон на компанијата

BlackBerry Priv – првиот Android смартфон на компанијата

priv bb22

Канадскиот производител на паметни телефони „BlackBerry“ се надева да ја поврати некогашната слава со нова серија смартфони кои ќе го користат најпопуларниот оперативен систем „Android“.

Компанијата се одликува со една од најлојалните бази на корисници, а според истражувањето корисниците на „BlackBerry“ во САД најретко ги менуваат своите уреди.

Главната причина од „BlackBerry“ да се насочат кон оперативниот систем „Android“, за сметка на нивниот „BB10“, е малиот број на апликации за „BB10“. Продавницата за апликации „Google Play“ е тоа што современите корисници го бараат.

Во однос на техничките карактеристики новиот уред „BlackBerry Priv“ се одликува со 5.4-инчен дисплеј кој наеднаш дава и пристап до најдобрата карактеристика на уредите од овој бренд – физичката тастатура.

priv bb

Екранот е со „QHD“-резолуција (1440 x 2560 пиксели) и заситеноста од 544 пиксели на инч. Чипот се очекува да е „Snapdragon 820“. Оперативната меморија е 3 GB, а внатрешната меморија е во износ од 32 GB, која може да се прошири со картичка до 128 GB.

Камерата на уредот исто така одбележува значително подобрување во однос на претходните модели на компанијата и е 18-мегапикселна. Предната камера е со резолуција од 5 мегапиксели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП