9 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗTesla започна со производство на електрични автомобили во Европа (фото)

Tesla започна со производство на електрични автомобили во Европа (фото)

hol tesla

Во холандскиот град Тилбург започна со работа првата фабрика на европско тло во која ќе се изработуваат електричните автомобили на брендот „Tesla“.

Погонот досега се користеше само за завршни работи на веќе произведените возила, кои пристигнуваа составени од Америка, а сега во неа ќе се изработуваат автомобили кои исто така пристигнуваат од САД.

Новата фабрика е дел од планот на компанијата да ја зголеми продажбата во Европа, но и да го достигне годишното производство од 500.000 електрични возила ширум светот до 2020-та година.

hol tesla1

Фабриката изградена во Тилбург воедно е и првиот погон на „Tesla Motors“ надвор од САД.

Покрај тоа, благодарејќи на проширувањето на производството во Европа, идните сопственици на возила на „Teslа“ на Стариот континент ќе чекаат помалку за испораката на својот автомобил.

Во Холандија ќе се изработува луксузната лимузина „Model S“ и новиот кросовер „Model X“, кој официјална премиера ќе има денеска во САД.

hol tesla3

Возилата ќе се составуваат од делови кои во Тилбург ќе доаѓаат од главната фабрика на компанијата која се наоѓа во Калифорнија.

На почетокот во европскиот погон ќе се произведуваат околу 450 автомобили неделно, а максималниот капацитет изнесува 1.000 возила неделно.

„Tesla Motors“ наведува дека под покривот на оваа фабрика се наоѓа и тест патека во должина од 750 метри и дека постои уште простор за проширување на капацитетот во иднина.

hol tesla2

Инаку, компанијата е во потрага за локација на која ќе биде изградена и втората фабрика во Европа, а претходно се шпекулираше дека во игра е Словачка која веќе има развиена автомобилска индустрија.

На европскиот пазар се продаваат околу 30 проценти од произведените автомобили на „Teslа“.

hol tesla4

„Model S“ e најбаран во скандинавските земји, пред се во Норвешка, а доста добро се продава и во Холандија.

Компанијата смета дека има уште простор за напредок на големите автомобилски пазари како што се Германија и Франција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП