28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИiPhone 6S и 6S Plus – 13 милиони примероци за три дена

iPhone 6S и 6S Plus – 13 милиони примероци за три дена

noviot 333

По веќе утврдениот рецепт, новиот „iPhone“ повторно е повеќе популарен до минатогодишниот модел. Доказ за тоа е и бројот на примероци во првиот викенд – 13 милиони единици.

Благодарејќи на тоа не се остварија предвидувањата на некои од аналитичарите кои се месеци претходно прогнозираа дека оваа година „iPhone“ за прв пат ќе потфрли во однос на минатогодишниот модел.

noviot 334

За среќа на „Apple“, тоа не се случи, па новите „iPhone 6S“ и „iPhone 6S Plus“ модели се продадени во три милиони примероци повеќе, отколку оргиналната „шестка“ од пред една година (10 милиони).

Следните денови оваа бројка ќе биде поголема, особено од 9-ти октомври кога „iPhone 6S“ пристигнува и во дополнителни 40 земји во светот. Но, ова не е воедно и крај на проширувањето на пазарите, затоа што според информациите од „Apple“ до крајот на оваа година новите „iPhone“ верзии ќе бидат достапни во вкупно 130 земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП