19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСпорниот софтвер го користела и Шкода во 1,2 милиони возила

Спорниот софтвер го користела и Шкода во 1,2 милиони возила

Škoda2000

Скандалот со софтверот за лажирање на нивото на издувни гасови е се поголем и поголем. Како стојат работите, веќе до крајот на овој месец, а останаа уште два цели дена, сите производители на автомобили чиј сопственик е „Фолксваген“, главниот виновник во овој случај, ќе признаат дали го користеле спорниот софтвер.

По „Ауди“, на „столбот на срамот“ застана и „Шкода“. Чешката компанија призна дека 1,2 милиони нивни автомобили се „збогатени“ со овој софтвер.

Засега се уште не е познато во кои модели на „Шкода“ се наоѓа овој софтвер, како и во кои држвави овие примероци се продадени.

„Фолксваген“ ја купи „Шкода“ во 2000-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП